Израелски доселеници нападнаа европски дипломати на Западниот Брег: Остри реакции од Франција, Белгија и Полска
Šta se dogodilo?
Нападот се случи во Тајбе, палестинско христијанско село источно од Рамала, а меѓу нападнатите имало и дипломатски претставници од Франција, Белгија и Полска, објавија израелски медиуми и палестинската новинска агенција Вафа. Според достапните снимки, маскирани израелски доселеници – од кои некои вооружени со палки – блокирале патишта, запирале возила и барале од патниците да ги […]
Израелски доселеници во саботата нападнаа група европски дипломати на окупираниот Западен Брег, само еден ден откако во друг напад беше повредена новинарка на американскиот весник „Вашингтон пост“. Инцидентот предизвика остри реакции од европски претставници, кои бараат израелските власти да ги идентификуваат и казнат одговорните, пренесува Си-ен-ен.
Според достапните снимки, маскирани израелски доселеници – од кои некои вооружени со палки – блокирале патишта, запирале возила и барале од патниците да ги покажат своите документи. Некои од напаѓачите се движеле во теренски возила.
Едно од видеата го прикажува францускиот функционер и градоначалник на градот Олне-Емери, Бернар Боду, како седи на земја до автомобил со скршен прозорец.
Белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, остро го осуди нападот, оценувајќи дека насилството е директно поврзано со израелската политика на окупираниот Западен Брег.
„Како окупаторска сила, израелските власти мора да ги заштитат Палестинците, да ја гарантираат безбедноста на дипломатите и новинарите и да ги изведат одговорните пред лицето на правдата. Неказнивоста на насилните доселеници мора да престане“, наведе Прево на социјалната мрежа Икс.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 19:07
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →