← Povratak na najnovije vijesti

Под контрола е пожарот на планината Жеден

Šta se dogodilo?

Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот. „Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина. Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари. Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари“, рече Амети. […]

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денa беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18.30 часот денеска се регистрирани вкупно регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 12 се изгаснати.

Активни пожари – 7: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; Општина Струмица – с. Пиперово, ниска вегетација; Општина Сарај – с. Бојане, мешана шума; Општина Берово – с. Митрашинци, дабова шума и ниска вегетација; Општина Петровец – с. Сушица, нискостеблеста шума; Општина Гостивар – с. Трново, мешана шума.

Пожари под контрола – 2: Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума; Општина Битола – с. Мегленци, ниска вегетација.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 25.08.2026. 10:33
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →