← Povratak na najnovije vijesti

Франција сака да ги открие вистинските размери на сексуално насилство: Ќе анкетира 10 милиони ученици

Šta se dogodilo?

Иницијативата ќе опфати околу 10 милиони деца и млади, од последната година во предучилишното образование до завршувањето на средното образование, пишува Евроњуз. Жефре за неколку француски регионални весници изјави дека, со оглед на размерите на проблемот, очекува резултатите да бидат потресни. „Секое десетто дете во Франција е жртва на сексуално насилство“, истакна министерот. Прашалникот првично […]

Француските училишта ќе воведат прашања за сексуално и родово засновано насилство во годишниот анкетен прашалник за учениците, најави министерот за образование Едуар Жефре.

Прашалникот првично ќе биде анонимен, но учениците ќе имаат можност да го откријат својот идентитет доколку сакаат да разговараат со возрасно лице за насилството што го доживеале.

Прашањата, објасни Жефре, ќе бидат составени во соработка со училишниот персонал, здруженија на родители и стручна комисија во која членуваат и детски психијатри.

Оваа национална анкета се покренува во момент кога властите се соочуваат со критики поради големиот број неразрешени случаи на злоупотреба. Владата се надева дека истражувањето ќе ги открие вистинските размери на проблемот. Во текот на 2025 година биле поднесени вкупно 88.000 пријави поврзани со сексуално насилство или занемарување од страна на родителите.

Министерот потврди дека токму францускиот образовен систем е главниот извор на пријави за насилство врз малолетници на национално ниво.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 25.08.2026. 18:42
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →