Излезноста во Брвеница до 11 часот е 9,11 отсто, гласале 1.480 граѓани
Šta se dogodilo?
Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места за да се увери во текот на изборниот процес. Тој информираше дека гласањето започнало навреме, во 7 часот, на сите избирачки места и тече без никакви посериозни проблеми. Според Маричиќ, избирачкиот материјал бил навреме доставен, а членовите на избирачките […]
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот изнесува 9,11 отсто, а своето право на глас го оствариле 1.480 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ од прес-конференција која се одржа во просториите на Општинската изборна комисија Брвеница.
Според Маричиќ, избирачкиот материјал бил навреме доставен, а членовите на избирачките одбори биле соодветно обучени.
„Бидејќи се работи за една општина и можеме да постигнеме, тука дојдовме петмина членови. Се уверивме во редовниот и регуларен тек на гласањето, барем во тие шест избирачки места каде што бевме, а такви се извештаите и од сите места. Видовме дека нема поголем застој, дека има интензивни обиди, можеби еднаш, два, три пати на лица коишто веднаш не ги чита апаратот, меѓутоа гласањето секаде се одвива без поголеми проблеми. Тоа што ние го видовме е дека се тече во најдобар ред и тоа ни го кажаа и претставниците на избирачките одбори“, рече Маричиќ.
„Досега излезноста е како што беше спомнато до 11 часот од 9,11 проценти, односно гласале 1.480 граѓани. Тоа е малку повеќе од ланските локални избори кога во истото време до 11 часот гласале 8,34 проценти или 1.346 гласачи. Значи годинава е зголемен малку интересот, односно излезноста“, посочи Маричиќ.
Според него, најголема е излезноста на избирачкото место 2033 во основното училиште веднаш до општинската зграда во Брвеница.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 18:08
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →