Минчев: Академијата за стручно усовршување и обука – темел за нова генерација професионални административни службеници
Šta se dogodilo?
Министерот нагласи дека реформата на јавната администрација не завршува со донесувањето закони и утврдувањето процедури, туку мора да се потврди преку квалитетот на работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните. „Професионална администрација не се гради само со нови правила, туку и со луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет да ги применуваат тие […]
Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат знаење, компетенции и капацитет да одговорат на потребите на граѓаните – истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на конференцијата „Патоказ за Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници: заедничка мисија“, посветена на досегашниот напредок и следните чекори за воспоставување на Академијата.
„Професионална администрација не се гради само со нови правила, туку и со луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет да ги применуваат тие правила. Затоа Академијата ја гледаме како траен механизам за професионален развој, а не како проект со ограничено времетраење“, истакна Минчев.
Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, како што информираат од Министерството, е дел од поширокиот процес на професионализација на јавната администрација. Министерството веќе работи на нејзиното институционално поставување, организацискиот модел, развојот на програмите за обука и дефинирањето на приоритетите. Целта е Академијата да започне со работа на почетокот на 2027 година и да обезбеди континуирано надградување на знаењата и компетенциите на административните службеници.
На конференцијата се обрати и Јелена Мрдак, в.д. директорка на Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА, која ја истакна важноста на партнерството и институционалната соработка во процесот на воспоставување на Академијата. Соработката со РеСПА овозможува поврзување на домашните реформски приоритети со регионалните искуства и добрите практики, како и размена на знаења и експертиза за развој на одржлив систем за стручно усовршување и обука на административните службеници.
Минчев посочи дека досегашните активности и соработката со меѓународните партнери претставуваат важна основа за понатамошниот развој на Академијата. Притоа, нагласи дека поддршката треба да биде насочена кон конкретните потреби на администрацијата, преку современи програми, размена на експертиза, развој на обучувачи и примена на европските и регионалните практики.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 16:46
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →