Андов: Политиката има смисла само кога програмските определби се претвораат во конкретни резултати
Šta se dogodilo?
Со учеството во Владата во 2024 година, ЗНАМ се заложи својата изборна програма да стане дел од владината програма и да се преточи во конкретни политики и институционални резултати, велат од оваа партија. Андов посочи дека работата на Геолошкиот завод е дел од реализацијата на оваа определба. „Во изминатите две години започнат е процес на […]
Градиме современа национална геолошка служба во интерес на Македонија и граѓаните. Во рамки на двегодишниот институционален отчет на функционерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов, ги презентираше клучните активности за модернизација на институцијата, дигитализација на геолошките податоци и зајакнување на нејзината национална и меѓународна улога, пишува во соопштението од Движењето ЗНАМ.
„Во изминатите две години започнат е процес на трансформација на Заводот од претежно архивска и административна институција во современа национална геолошка служба. Клучните активности опфаќаатм дигитализација и заштита на геолошките податоци преку унапредување на Единствениот геолошки информациски систем – ЕГИС. Подготовка на нова законска рамка во областа на геологијата и рударството, како и активности за нов Закон за Геолошкиот завод“, изјави Андов.
Тој дополни дека други клучни активности се зајакнување на меѓународната соработка преку европската мрежа EuroGeoSurveys, при што Македонија ќе биде домаќин на нејзиното Генерално собрание на почетокот на 2028 година, заштита на националното геолошко наследство, вклучително и стручната документација и Елаборатот за заштита на македонскиот рубин и подготовка на проект за модернизација за периодот 2026–2030 година, насочен кон современа опрема, лабораториска поддршка, подобри дигитални системи и зајакнување на стручните капацитети.
„Политиката има смисла само кога програмските определби се претвораат во конкретна работа и резултати. Тоа беше нашата цел кога ЗНАМ влезе во Владата и тоа е принципот по кој ја извршуваме одговорноста во институциите“, истакна Андов.
За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, отчетноста значи јасна обврска пред граѓаните: преземените обврски да се преточат во институционална работа, а институциите да се модернизираат и да служат на интересите на државата.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 22:31
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →