← Povratak na najnovije vijesti

До 15 часот до ДИК пристигнале седум приговори поврзани со гласањето во Брвеница

Šta se dogodilo?

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезеноста е зголемена за 0,62 процентни поени. Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени седум приговори, од […]

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а излезноста изнесува 31,17 проценти, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференција за текот на изборниот процес.

Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени седум приговори, од кои два се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека четири се во постапка на разгледување.

ДИК најави дека следниот пресек на излезеноста ќе биде соопштен во 18:30 часот, врз основа на податоците заклучно со 18 часот.

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината, од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани во затвор или притвор.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 18.10.2026. 22:29
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →