← Povratak na najnovije vijesti

Црна хроника15 часа Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција кои како соизвршители учествувале во дејствија на кривично дело...

Šta se dogodilo?

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција кои како Едниот од нив со дејствија на помагање, ги одвел другите двајца, им ја покажал точната локација и шифрата од влезот на зграда на улицата “Прашка”, каде престојувале други двајца турски државјани. Осомничените влегле во станот и со повеќе убоди со нож со умисла се обиделе да го лишат од живот еден од оштетените. Другиот се обидувал да ги оттргне, но и тој бил повреден во раката. Потоа сите тројца осомничени се обиделе веднаш да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце. Двајца биле запрени и приведени и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор. Еден од осомничените, односно помагачот, според информациите од граничните власти, успеал да избега на Косово и за него надлежниот јавен обвинител предложи притвор од пронаоѓање и лишување од слобода, а со цел за него да биде распишана меѓународна потерница. ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. За едно деноноќие лишени од слобода 25 возачи: 12 возеле без положен испит, 11 под дејство на алкохол

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: Makfax Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 10:28
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →