Рубио: Војната во Украина може да се прошири и во друга држава
Šta se dogodilo?
На новинарско прашање за можната средба на американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, на која би се разговарало за завршување на четиригодишниот конфликт, Рубио одговори дека се разговарало за таква можност. „Се зборуваше за средба. Не знам дали сè е договорено, но претседателот беше јасен. Тој сака да […]
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави за време на посетата на Узбекистан дека Украина и Русија треба да се фокусираат на завршување на меѓусебната војна.
„Се зборуваше за средба. Не знам дали сè е договорено, но претседателот беше јасен. Тој сака да заврши војната меѓу Украина и Русија“, рече Рубио.
Рубио синоќа пристигна во Самарканд на средба со високи претставници на групацијата Ц5+1, која ги обединува САД и постсоветските држави со мнозинско муслиманско население: Узбекистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Туркменистан. Претседателот Трамп ги пречека лидерите на земјите од Ц5 во Белата куќа во ноември минатата година.
„Не гледаме ништо добро во оваа војна“, рече Рубио. „Гледаме многу негативни последици, меѓу кои и многу реален ризик конфликтот да ескалира и да се прошири во друга земја поради неуспешен обид за саботажа или поради беспилотни летала кои, откако ќе бидат погодени со електронско војување, ќе залутаат во соседна држава“.
САД се обидуваат да посредуваат во постигнувањето мировен договор за завршување на војната во Украина. Во меѓувреме, Трамп склучи договор за увоз на дизел од Русија и укина дел од санкциите кон Москва. Тој смета дека овие потези треба да го задржат Кремљ на преговарачката маса.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 15:00
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →