Црна хроника23 часа 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
Šta se dogodilo?
Вчера (23.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на
При контролата, според полицијата биле констатирани 140 прекршоци, од кои 102 се однесувале на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол. Од вкупниот број прекршоци, 33 се на територијата на трумица, 17 во надлежност на Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, 15 во Куманово, по 13 во Битола и Охрид, 12 во Велес, 11 во Скопје и девет во Штип.
За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за осум возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи најави дека продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираат до возачите на мотоцикли, мопеди и другите видови возила да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитна опрема и да не управуваат под дејство на алкохол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа...
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: Makfax Црна хроника
- Vrijeme objave: 25.08.2026. 17:45
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →