← Povratak na najnovije vijesti

ДИК потврди, Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови во првиот круг од изборите во Брвеница

Šta se dogodilo?

Ова го покажуваат последните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 21:27 часот, по 100 проценти обработени избирачки места во општината. Трет по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата Влен со 1.528 гласови (20,20 отсто), а по него следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33 отсто), […]

Кандидатот за градоначалник Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство по првиот круг од предвремените избори во Општина Брвеница со освоени 2.943 гласови (38,90 отсто). Зад него со освоени 2.152 гласови (28,45 отсто) е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ).

Трет по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата Влен со 1.528 гласови (20,20 отсто), а по него следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33 отсто), независниот кандидат Душан Богдановски со 55 гласови (0,73 отсто) и независната кандидатка Арифе Идризи со 21 глас (0,28 отсто).

Според податоците на ДИК, на изборите во Брвеница правото на глас го оствариле 7.565 граѓани, со што излезноста изнесува 46,56 отсто од вкупно 16.256 запишани избирачи. Регистрирани се и 160 неважечки ливчиња (2,12 отсто од гласачите).

Предвремените локални избори во Брвеница се одржаа откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 09:46
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →