← Povratak na najnovije vijesti

Црна хроника2 часа Уапсени српски државјани: возеле со брзина од 175 на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час

Šta se dogodilo?

Вчера во 19:05 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.З.(36) од Србија. При проверка на При проверка на патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, кое го управувала, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија – Гевгелија, го управувала возилото со брзина од 169 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Истиот ден во 22:45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода В.Ж..(58) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија – Гевгелија, го управувал возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Тие биле спроведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. ©Makfax.com.mk Доколку преземе…

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: Makfax Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 11:37
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →