Пехчево против изградба на дата-центар, советниците бараат одговори, Владата молчи за проектот (ВИДЕО)
Šta se dogodilo?
Иницијативата предвидуваше објект со намена Г4.7 – градби за чување и складирање на дигитални податоци. Пред гласањето, советниците побараа дополнителни информации и стручни анализи за можните последици и придобивки од ваква инвестиција. Советниците покуси за информации, Китански вели идејата е само почеток Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Николчо Јовчев, побара точката да […]
Советот на Општина Пехчево денеска едногласно го одби предлогот за отпочнување постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на дата-центар во село Панчарево со барање, прво советниците, а потоа и граѓаните да добијат детални податоци за проектот, за влијанието врз животната средина, потрошувачката на вода и струја и економската корист од изградба на дата-центар. Поради реакциите на советниците, а претходно на партиите Левица и СДСМ, а по предлог на градоначалникот Александар Китански и советничката група на СДСМ оваа точка беше тргната од дневен ред. Во меѓувреме, прашањето за изградба на дата-центар во Панчарево предизвика и политички реакции на национално ниво. Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски ја брани идејата за развој на дата-центри во Македонија. МКД.мк веќе подолго време во континуитет пишува за најавата на Владата за отворање на Национален дата-центар како и за можноста за изградба на други дата-центри. За прашањата што МКД.мк ги испрати до Владата за конкретниот предлог проект во Панчарево засега одговор нема.
Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Николчо Јовчев, побара точката да биде повлечена од дневниот ред, оценувајќи дека иницијативата не била доволно образложена пред советниците и јавноста. Тој го обвини градоначалникот Китански дека на шверцерски начин сака да протурка проект за кој ниту советниците ниту жителите на Пехчево и Панчарево имаат било какви информации.
Градоначалникот Александар Китански исто така побара точката да биде симната од дневен ред, при што нагласи дека самата иницијатива не значи дека е донесена одлука за изградба на објектот.
„Иницијативата што е поднесена до Општина Пехчево е само почеток на една постапка и не претставува одобрение за градба“, рече Китански.
Тој објасни дека евентуалната изградба би зависела од повеќе процедури, планска документација и мислења од надлежните институции, вклучително и од аспект на заштитата на животната средина.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 25.08.2026. 18:45
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →