Тунелот кај Пресека ќе биде пуштен за неколку недели – брзата пруга ќе се гради од пролет 2027, вели Николоски
Šta se dogodilo?
„Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи, еве во среда ќе одиме со директорот Коце Трајановски на терен да видиме. Стигнати сме буквално до фарбање на тунелот, до поставување на осветлување во тунелот. Значи оние најситни, најфини работи… Штом сме стигнале до таму, значи дека е одлично напреднато. Кога ќе се заврши целиот […]
Финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево и во следните неколку недели ќе го пуштиме во употреба и целата таа делница од Извор до Врбјани со галериите, истакна вечерва заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју на МТВ.
„Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи, еве во среда ќе одиме со директорот Коце Трајановски на терен да видиме. Стигнати сме буквално до фарбање на тунелот, до поставување на осветлување во тунелот. Значи оние најситни, најфини работи… Штом сме стигнале до таму, значи дека е одлично напреднато. Кога ќе се заврши целиот проект, треба да се дадат две дозволи. Едната е од Министерството за транспорт, втората е од Министерството за внатрешни работи. Никој нема да си дозволи да потпише било каков документ доколку сите стандарди не се исполнети“, рече Николоски.
Тој во интервјуто потенцира дека ќе остане за изградба најтешката делница кај Ботун, а целиот автопат да биде завршен во предвидениот рок.
„Останува најтешкиот дел на автопатот. Знам дека многумина се зачудени зошто е тоа така, тоа е кај селото Ботун, по течението на реката Сатеска. Се избрало како што се избрало решение – таму целата земја е графитна, тоа е црна земја којашто при најмал допир со вода станува кашеста, не можете да ја стабилизирате и затоа решивме да одиме со решение коешто го понуди Синохидро, коешто е најмодерно решение каде што се внесуваат челични столбови од армиран бетон коишто одат по 20 до 28 метри во земјата и на тој начин се стабилизира земјата. Има 156 такви решенија, веќе ги презентиравме во јавност и очекувам во рокот да бидат завршени“, додаде Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт вели дека рокот за почеток на градбата на брзата пруга во пролетта 2027 година нема да се поместува.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 20.10.2026. 09:39
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →