Топ1 час Приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа: МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина
Šta se dogodilo?
На 17/18.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски
Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице, извести МВР.
„При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Изречени се три глоби за прекршување на Законот за заштита од пушење.
Едно лице е приведено поради одбивање да се легитимира, а три странски државјани поради нерегулиран престој во државата. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници.
На патот во близина на селото Мажучиште, прилепско, е сопрено лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, при што се измерени 2,04 промили алкохол во крвта. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
„Во рамки на активностите, ОВР Кичево извршил претрес на локација каде што незаконски се приредувале игри на среќа, при што биле затекнати две лица и одземени предмети поврзани со случајот. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: Makfax Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 10:30
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →