← Povratak na najnovije vijesti

Бугарскиот министер Демерџиев ги нарече македонските власти „српски“

Šta se dogodilo?

„Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти“, изјави Демерџиев во интервју за еден бугарски поткаст, објаснувајќи го ставот на Бугарија дека нема да ја предаде Михаилова на македонските власти. Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев ги нарече македонските власти „српски“, говорејќи за случајот со Ива Михаилова, 23-годишната девојка од Кочани по […]

Иван Демерџиев порача дека Бугарија нема да ја екстрадира Ива Михаилова, по која македонските власти распишаа потерница, а откако новинарот го предупреди дека ги заменил Македонија и Србија, одговори дека грешката не била толку голема.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев ги нарече македонските власти „српски“, говорејќи за случајот со Ива Михаилова, 23-годишната девојка од Кочани по која македонската држава распиша меѓународна потерница. Новинарот го потпраша Демерџиев дали станува збор за ненамерен лапсус или за намерно споменување на Србија, министерот призна дека погрешил, но додаде дека тоа не била „толку голема грешка“.

Демерџиев повтори дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова, повикувајќи се на нејзиното бугарско државјанство и на законските процедури во земјата.

Михаилова има двојно, македонско и бугарско државјанство, а во Македонија против неа се води судска постапка поврзана со сообраќајна несреќа со смртни последици. Во несреќата, што се случи во октомври минатата година на патот меѓу Кочани и Штип, загина 33-годишен маж, а имаше и повредени лица. Нејзината вина сè уште не е утврдена со правосилна судска пресуда.

Бугарските власти се повикуваат на домашното законодавство и на меѓународните правила за екстрадиција, според кои предавањето сопствени државјани на друга држава е предмет на посебни правни услови.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 18.10.2026. 03:45
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →