← Povratak na najnovije vijesti

Во Скопје одбележан Светскиот ден на поправки

Šta se dogodilo?

Како што соопштуваат од АРНО, во рамки на настанот потпишале меморандуми за соработка со МАТА и со Домот за стари лица „Мајка Тереза“, а биле најавени и нови активности преку ИПА-проект насочен кон развој на вештини за поправки, поддршка на зелени бизниси и промоција на одржливи практики. Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од […]

Светскиот ден на поправки беше одбележан вчера во Скопје под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“, во организација на Здружението АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА) и Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Настанот се одржа по повод 10-годишнината од глобалната иницијатива и третата година од нејзиното одбележување во Македонија, а беше посветен на промоцијата на културата на поправка, одржливото користење на ресурсите и меѓугенерациското поврзување.

Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од Општина Кисела Вода нагласиле дека ваквите иницијативи се клучни за заедницата.

„Поправките не претставуваат само начин за продолжување на векот на предметите — тие ги спојуваат генерациите и овозможуваат вредна размена на искуства. Општина Кисела Вода продолжува да биде стабилен партнер, градејќи простор за креативност, едукација и меѓугенерациско поврзување. Нека овој јубилеј биде потсетник дека поправањето е одговорен чин: грижа за предметите, грижа за природата и, пред сè, грижа едни за други“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Општина Кисела Вода.

Претставниците на МАТА го презентирале проектот „Craft2Grow“, финансиран преку програмата „Еразмус+“, кој е насочен кон развој на меки вештини преку одржлива мода и рачни изработки.

На настанот се обратил и раководителот на Домот за стари лица „Мајка Тереза“, Јорданчо Јосифов, кој посочи дека многу од корисниците на домот и натаму ги применуваат принципите на поправка и повторна употреба во секојдневниот живот.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 18.10.2026. 19:09
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →