← Povratak na najnovije vijesti

Мицкоски: Очекувам конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница со рекордни над 4.000 гласа

Šta se dogodilo?

Тој изрази очекување дека во вториот круг, закажан за 1 ноември, поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се зголеми посочувајќи дека партијата во првиот круг добила речиси 3.000 гласа, а во вториот круг очекува 4.000 гласа и конечна победа. „Како што знаете, тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност […]

ВМРО-ДПМНЕ оствари победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница со предност од речиси 800 гласа пред кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а во однос на СДСМ разликата е поголема од четири спрема еден – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Како што знаете, тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност до граѓаните на Брвеница коишто излегоа и ја поддржаа победата на ВМРО-ДПМНЕ со некаде отприлика околу 3.000 гласа. Очекувам таа бројка по вториот круг да се искачи на рекордни над 4.000 гласа. Така што, верувам во конечна победа. Општината Брвеница од аспект на етничка конфигурација е таква каква што е, но ние плeдираме на гласовите на сите етнички заедници и благодарност на сите граѓани на Брвеница, без разлика на етничката припадност, што излегоа и дадоа поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, којшто убедливо води после првиот круг“, рече Мицкоски.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 13:57
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →