„КомшиЛУК“ од Железара доби награда „Нов европски Баухаус“ за опера што ги обединува соседите
Šta se dogodilo?
Проектот е награден во категоријата „Rising Stars“, наменета за нови таленти и перспективни иницијативи. Со него, македонскиот културен проект се најде меѓу меѓународно признатите идеи што покажуваат како уметноста, јавниот простор и вклучувањето на граѓаните можат да придонесат за поквалитетен живот во урбаните средини. Наместо класична оперска сцена, проектот користи шест станбени згради во Железара […]
Скопската културна иницијатива „КомшиЛук“ (КомшиLOOK) освои награда на европскиот конкурс „Нов европски Баухаус“ за проектот „Травијата во три чина“, со кој операта излегува од традиционалните концертни сали и се преселува меѓу станбените згради, балконите и дворовите во скопската населба Железара. Признанието е доделено во категоријата „Зајакнување на локалната демократија и инклузијата“, во рамките на наградите за 2026 година.
Во интерпретацијата на познатата опера „Травијата“ на Џузепе Верди, приказната за Виолета и Алфредо е пренесена во современо соседство. Наместо општествениот притисок да биде претставен преку еден лик, тој се отсликува преку реакциите, озборувањата и ставовите на соседите. Особено впечатлива е промената на крајот: наместо трагичниот расплет на оригиналот, проектот завршува со свадба, како симбол на прифаќањето и заедништвото.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 20.10.2026. 09:41
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →