Турција ќе набавува дизел според договорот меѓу САД и Русија, а ќе го зголеми домашното производство на природен гас
Šta se dogodilo?
„Со американскиот претседател Доналд Трамп беше постигнат договор за дизелот. Врз основа на нашите разговори, ќе испорачаме дел од тој дизел во Турција“, изјави министерот, но не откри повеќе детали. Договорот беше остро критикуван од украинскиот претседател Володимир Зеленски и од европски политичари, како и од некои членови на Републиканската партија на Трамп. Бајрактар, исто […]
Турција има намера да набави дизел како дел од контроверзниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Русија, објави денеска министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар, пренесува Ханделсблат. Бајрактар за телевизиската станица Канал 7 изјави дека договорот меѓу САД и Русија е важен за енергетската безбедност на Турција.
Бајрактар, исто така, најави дека Турција планира значително да го зголеми домашното производство на гас. Се очекува втора пловечка платформа за експлоатација на гас да започне со работа во првиот квартал од 2028 година. Со тоа, дневното производство во Црното Море би се зголемило на 45 милиони кубни метри. „Ова значи дека три од четири домаќинства во Турција ќе го користат нашиот гас“, рече министерот.
Турција вчера ја пушти својата прва пловечка платформа, „Осман Гази“, во Црното Море. Се очекува овој потег повеќе од двојно да го зголеми дневното производство од најголемото домашно наоѓалиште на гас во земјата, Сакарја – зголемувајќи го од сегашните 9,5 милиони кубни метри на 20 милиони кубни метри.
Турција е еден од најголемите пазари за гас во Европа и досега своите потреби ги задоволуваше речиси целосно преку увоз. Минатата година земјата потроши 59 милијарди кубни метри гас, додека домашното производство изнесуваше само 3,1 милијарди.
Министерот додаде и дека планираните истражувања за наоѓалишта на јаглеводороди во близина на брегот на Пакистан се одложени за околу шест месеци. Како причина го наведе влијанието на војната во Иран врз регионот.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 11:27
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →