← Povratak na najnovije vijesti

Црна хроника16 часа Полициска акција низ цела држава: 16 лица лишени од слобода, запленети дрога, оружје и муниција Шеснаесет лица биле лишени од слобода, а дрога, огнено оружје, муниција и парични средства биле запленети во засилена полициска акција што на 16 и 17 октомври...

Šta se dogodilo?

Шеснаесет лица биле лишени од слобода, а дрога, огнено оружје, муниција и парични средства биле запленети во засилена полициска акција што на 16 и 17 Акцијата ја реализирал Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, со цел откривање и сузбивање на криминалот, со посебен акцент на недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на операцијата биле извршени вкупно 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Полицијата запленила и огнено оружје, односно пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во врска со случаите, поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: Makfax Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 10:42
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →