Црна хроника14 часа За едно деноноќие лишени од слобода 25 возачи: 12 возеле без положен испит, 11 под дејство на алкохол
Šta se dogodilo?
Вкупно 25 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело Од приведените, 12 лица управувале моторно возило без положен возачки испит, 11 возеле под дејство на алкохол, а двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Меѓу лицата затекнати како возат без положен возачки испит има и малолетници на возраст од 16 и 17 години од Скопје, како и уште еден малолетник од Кочани. Полицијата лишила од слобода и повеќе полнолетни лица од Скопје и околните населени места, како и од други градови во државата. Под дејство на алкохол биле затекнати возачи од Скопје, Радовиш, Штип, Прилеп, Неготино, Гевгелија и околните населени места. Двајцата возачи кои управувале возило за време на изречена забрана се од Делчево и Битола. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, за време на активна забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата. ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: Makfax Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 10:29
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na Makfax Црна хроника →