← Povratak na najnovije vijesti

Шасивари: Законот за полагање на правосудниот испит ќе биде усогласен со највисоките европски стандарди

Šta se dogodilo?

​Шасивари истакна дека оваа влада има јасна определба за почитување и унапредување на јазичните права. „Сметаме дека институциите имаат обврска да создаваат услови за еднакви можности со целосно почитување на Уставот, законите и професионалните стандарди“, рече тој. Посочи дека прашањето за правосудниот испит се разгледува и затоа, како што рече, ќе се бараат стручни аргументи, […]

Сакаме да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти што го стекнуваат своето високо правно образование на различни јазици, изјави мкнистерот за правда Јетон Шасивари пред средбата со претставниците на правните факултети и студентите, посветена на предложените законски решенија за полагање на правосудниот испит.

Посочи дека прашањето за правосудниот испит се разгледува и затоа, како што рече, ќе се бараат стручни аргументи, меѓусебна почит и конструктивен дијалог.

„Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати, а студентите и факултетите да бидат ставени пред свршен чин. Сакаме процес во кој нивните забелешки, предлози и аргументи ќе имаат вистинска тежина“, истакна министерот пред средбата. ​ Информира дека денеска ќе го претстават предложениот модел, ќе ја објаснат неговата правна основа и ќе ги сослушаат сите позиции. ​ Според него, предложените измени имаат за цел воспоставување јасна рамнотежа меѓу почитувањето на правото на образование и користењето на другиот јазик на кој кандидатот ги завршил правните студии, од една страна, и гарантирање единствен, функционален и професионален правосуден систем, од друга страна.

​„Нашата определба е конечниот предлог да биде усогласен со највисоките европски правни стандарди. Затоа ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија како најреномирано европско советодавно тело за уставноправни прашања “,рече Шасивари.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 13:55
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →