← Povratak na najnovije vijesti

Трамп за немирите во Франција: „Преземете контрола пред да биде предоцна“, Макрон ѝ се обраќа на нацијата (ФОТО+ВИДЕО)

Šta se dogodilo?

Повеќе од половина милион луѓе учествуваа во демонстрациите, а најмалку 1.800 лица беа уапсени. Додека Франција се соочува со еден од најсериозните бранови немири во последните години, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Франција гори“, обвинувајќи ја имиграцијата за хаосот во земјата. 🇫🇷 Footage from central Paris today amid intense rioting across France. https://t.co/Q8YnbJmh2a — […]

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата откако масовните протести низ целата земја ескалираа во насилни судири со полицијата, палење автомобили и згради и уништување имот.

Според британскиот весник Индипендент, Макрон ќе одржи итен состанок со највисоките државни претставници попладнево, по што ќе им се обрати на граѓаните во 20 часот.

Протестите, кои започнаа минатиот месец поради лошите услови во училиштата, недостигот на наставници и незадоволството кај младите, оттогаш прераснаа во широко движење против социјалната нееднаквост, недоволните вложувања во јавните услуги и падот на животниот стандард.

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на драматичните сцени во француските градови со објава на својата социјална мрежа, „Трут соушл“, во која за немирите ја обвини имиграцијата.

„Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи оваа некогаш голема земја“, напиша Трамп.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 18.10.2026. 20:55
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →