Врело стана најдлабоката пештера на светот истражена од човек
Šta se dogodilo?
Како што соопштуваат од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да ја истражи пештерата до рекордни 338 метри, што е за 51 метар подлабоко од досега истражената длабочина од 287 метри. Со тоа се поставени светски рекорди во три категории: […]
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот, откако меѓународен тим спелеонуркачи достигна рекордна длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред локалитетите Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко во Италија.
Со тоа се поставени светски рекорди во три категории: најдлабоко истражена пештера од човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко длабинско нуркање на отворени води.
Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Вкупно се истражени повеќе од 150 нови метри пештерски канали, кои дополнително го збогатуваат познавањето на комплексниот подводен систем на Врело. Првиот новооткриен канал се наоѓа на околу 300 метри од влезот на пештерата, на длабочина од 33 метри и е долг приближно 100 метри, додека вториот е откриен на длабочина од 170 метри и се поврзува со главниот длабински канал на пештерата.
„За време на експедицијата освен истражувањата за длабочината на пештерата, нуркачките тимови од Полска и Македонија, открија уште два нови неоткриени канали, кои ја видоизменија мапата на пештерата и вкупната должина на пештерата. Во спелеологијата, должината на пештерата се пресметува вклучувајќи ги сите канали. Освен должината поради испитанта нова длабочина од 51м (338м-287м), дополнително вклупната должина на новите канали кои ги истражи оваа експедиција е повеќе од 100м, односно вкупно нови 150м истражена пештера. Во спелонуркаљњето овие нови канали се од исклучителна важност, поради комплексноста на целокупниот подводен пештерски систем. Првиот новоистражен канал кој се наоќа на 300м од влезот на пештерата е на длабочина од 33м, со приблична должина од 100м, завршува на 10м и се спојува со последниот крак кој е истражен во 2000 година. Вториот канал е на длабочина од 170м, со должина од 30 м и на 185м се спојува со главниот канал, кој досега беше единствениот истражен длабински канал“, велат од СНК „Врело“.
Рекордното нуркање го извршил полскиот спелеонуркач Бартломиеј Питала, а целата операција траела девет часа. Неговото безбедно враќање било следено од 12 безбедносни нуркачи распоредени на различни длабочини во пештерата, додека на површината бил ангажиран координациски тим со медицинска и спасувачка поддршка.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 03:42
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →