ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи
Šta se dogodilo?
Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, како што посочи, излезноста е намалена за 2,87 процентни поени. „Гласањето започна утрово во 7 часот и засега тече непречено и без некои најави за евентуални проблеми“, изјави Тодоровска-Алексовска на утринската прес-конференција. Во Избирачкиот список за изборите во Брвеница се запишани 16.256 избирачи, кои […] Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 9 часот утринава изнесува 2,46 отсто, односно своето право на глас го оствариле 400 избирачи, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска. Во Избирачкиот список за изборите во Брвеница се запишани 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места. ДИК ја стави во функција бесплатната телефонска линија 0800 555 44, преку која граѓаните можат да добијат информации за остварувањето на своето избирачко право. За лицата со оштетен слух достапен е бројот 076 488 360, на кој преку видеоповик можат да добијат информации на знаковен јазик. Од ДИК информираат и дека вчера гласале 85 од вкупно 88 болни и немоќни лица. Од деветте лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, своето право на глас го оствариле седум лица.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 18:06
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →