← Povratak na najnovije vijesti

Владата ги намали цените на училишниот прибор за најмалку 15 отсто

Šta se dogodilo?

Одлуката, како што изјави денеска портпаролката на Владата Марија Митева, има за цел да им се помогне на семејствата, да се намалат трошоците и да се заштити животниот стандард на граѓаните. „Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 отсто, додека пак, трговците на мало […]

Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во Службен весник, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

„Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 отсто, додека пак, трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти“, изјави Митева.

​Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери; темперни, акрилни и водени бои и четки; ​линијари и дидактички материјали; ​острилки и гуми за бришење; ​детски ножици, футроли, лепила, шестари; ​дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни.

„Особено важно е што со одлуката се обезбедува и транспарентност во однос на намалувањето. Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето“, нагласи Митева.

Таа потсети дека одлуката важи од денот на нејзиното објавување до 30 септември 2026 година и тоа значи дека во овој период граѓаните треба да имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 25.08.2026. 18:47
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →