Кресненско востание, 1878: Улогата на Калмиков и Војткевич
Šta se dogodilo?
Востанието е познато како Кресненско востание, но изворниот, првичен назив на бунтот е Македонско востание – според тогашните документи. Причината за подоцнежните алтернативни називи веројатно лежи во тоа што и Мелничките четнички акции (1895) и Илинденското востание (1903) се нарекувани – Македонско востание, а историографијата има потреба од разграничување. Сепак, Македонското востание од 1878 – […]
Македонското востание (познато и како Кресненско востание) е вооружен бунт на македонскиот народ против Отоманската империја, покренат на 5 октомври 1878 (17 октомври, по нов стил), во селото Кресна и околните места во Пиринска Македонија. Востанието е кренато во екот на Големата источна криза (1875 – ’81), и главни негови водачи биле Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски и Стојан Карастоилов. Тоа завршило неуспешно во јуни 1879 година.
Востанието е познато како Кресненско востание, но изворниот, првичен назив на бунтот е Македонско востание – според тогашните документи. Причината за подоцнежните алтернативни називи веројатно лежи во тоа што и Мелничките четнички акции (1895) и Илинденското востание (1903) се нарекувани – Македонско востание, а историографијата има потреба од разграничување. Сепак, Македонското востание од 1878 – ’9. г., е првото востание, со македонски национален белег и особености.
Доказ за тоа се Штабот на Македонското востание со Воениот совет и сите други помошни востанички тела, „Устројството на Македонското востание“, „Правилата на Македонскиот востанички комитет“, каде што востаниците се повикувале на моќта на „Македонската војска на Александар Македонски“, а целта е „ослободувањето на Македонија – таа земја на славните словенски просветители и учители Св. Кирил и Методиј“; во своите „Спомени“, Натанаил Кучевишки (еден од организаторите), исто така, говори за Македонско востание итн. Според историчарот Александар Трајановски и „Златна книга: 100 години ВМРО“, Беровски бил началник на Штабот и нему му припаѓал познатиот Печат на Штабот на Македонското востание, којшто е зачуван и денес сведочи за македонскиот национален карактер на востанието.
„Со цел да се воведе ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да претставиме правила, односно устав по којшто сите ќе се раководиме и сите ќе ги исполнуваме (правилата), сѐ додека не ја ослободиме нашата татковина Македонија!“, се вели во Правилникот.
Едвард Б.Б. Баркер, британски в.д. конзул во Солун, во писмо од 2. 11. 1878, до познатиот дипломат – сер Хенри Лејард, сведочи дека лично се сретнал со мелничкиот епископ Прокопиј, кој активно го помагал Востанието.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 08:03
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →