Канада поради францускиот јазик им кажа „не“ на САД: „Ќе останеме такви какви што сме“
Šta se dogodilo?
Во центарот на спорот се најдоа канадските закони за заштита на францускиот јазик, што дополнително ги заостри односите меѓу долгогодишните сојузници, пишува Си-ен-ен. Канада е официјално двојазична држава, а законите ги штитат двата јазика – англискиот и францускиот. Францускиот е мајчин јазик на околу една петтина од населението, а во покраината Квебек го зборуваат речиси […]
Трговските преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Канада минатата недела пропаднаа, а односите меѓу двете земји сега се оптоварени со закана од трговска војна.
Канада е официјално двојазична држава, а законите ги штитат двата јазика – англискиот и францускиот. Францускиот е мајчин јазик на околу една петтина од населението, а во покраината Квебек го зборуваат речиси 85 отсто од жителите.
Според овие закони, декларациите на производите мора да бидат истакнати на двата јазика. Американските стриминг-платформи што работат во Канада, исто така, мора да поддржуваат и промовираат канадска содржина, вклучително и содржина создадена од домородните народи и франкофонските Канаѓани.
Соединетите Држави одамна ги сметаат канадските јазични прописи за трговска бариера, но за Отава тоа е прашање за кое не се преговара. Премиерот Марк Карни го потврди тоа со прекинувањето на преговорите за договорот за кој рече дека содржи „закани за францускиот јазик и култура“.
Карни во понеделникот изјави дека Канада „не можела да го прифати“ предложениот договор бидејќи тој би ја ослабел заштитата на францускиот јазик. На новинарите им порача дека неговата влада „нема да им го даде на САД она што го бараат“.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 25.08.2026. 18:43
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →