Стојков: За историјата не се преговара, ЕБР треба да го почитува својот почеток и првиот командант
Šta se dogodilo?
Во објава на социјалните мрежи, Стојков посочува дека ЕБР е наследник на Единицата за брзи интервенции „Лавови“, но истовремено прашува зошто во официјалното одбележување на историјата на единицата, според него, се изоставуваат одредени факти и личности. Стојков потсетува дека пред неколку години, кога од него било побарано да достави документација поврзана со формирањето на единицата, […]
Поранешниот командант на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), Горан Стојков, по повод Денот на Единицата, повторно го отвора прашањето за нејзиното формирање, нејзините почетоци и улогата на луѓето кои биле дел од создавањето на единицата.
Стојков потсетува дека пред неколку години, кога од него било побарано да достави документација поврзана со формирањето на единицата, ги предал оригиналните документи со кои, како што наведува, се потврдуваат датумот на формирање и неговото поставување за прв командант.
„За историјата не се преговара!“, порачува Стојков, додавајќи дека прашањето за тоа кој ја формирал единицата и кој бил нејзиниот прв командант и понатаму останува без одговор.
Според него, во документацијата и анализите на Министерството за внатрешни работи постојат податоци, а постојат и оригинални документи поврзани со создавањето и раководењето со единицата.
„А јас сум тука, жив и здрав, и сè уште ги поседувам оригиналните наредби и решенија поврзани со формирањето и раководењето на Единицата“, наведува Стојков.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 25.08.2026. 11:47
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →