Затворени гласачките места во Брвеница, гласале помалку од половина од запишаните избирачи
Šta se dogodilo?
По затворањето на избирачките места, ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во седум часот. Право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. Тие […]
Во 19 часот вечерва се затворени избирачките места во Брвеница каде жителите од десетте населени места имаа можност да гласаат за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски. Државната изборна комисија (ДИК) претходно информираше дека според пресекот направен во 18:30 часот и пристигнатите податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас во Општина Брвеница изнесува 7.241 или 44,57 отсто.
Гласачките места беа отворени во седум часот. Право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. Тие можеа да се изјаснат за еден од шестмината кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).
Според Државната изборна комисија (ДИК), гласањето се одвиваше непречено, а одѕивот до 18:30 часот е 44,57 отсто.
Вчера правото на глас го искористија 85 болни и немоќни лица, како и седум лица кои се на издржување казна затвор или пртивор.
ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од Избирачките одбори (ИО) и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 22:32
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →