ЗНАМ во Кавадарци, граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат
Šta se dogodilo?
Генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање испрати јасна порака дека довербата од граѓаните се оправдува со работа, храбри одлуки и конкретни резултати, а не со празни ветувања. Тој се осврна на реформите во јавната администрација, капиталните инвестиции и обврската институциите да испорачуваат резултати што граѓаните ќе ги […]
Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кавадарци продолжи со отчетот пред граѓаните за сработеното во изминатите две години, се вели во соопштението од ЗНАМ.
Генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање испрати јасна порака дека довербата од граѓаните се оправдува со работа, храбри одлуки и конкретни резултати, а не со празни ветувања. Тој се осврна на реформите во јавната администрација, капиталните инвестиции и обврската институциите да испорачуваат резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.
„Со законскиот пакет за административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и со Законот за високи раководители, поставуваме основа за професионална администрација, систем на заслуги и јасна одговорност на раководните позиции. Целта е знаењето, стручноста и резултатите да бидат критериум за напредување, а не привилегиите и партиските влијанија. Со подготовката на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници инвестираме во луѓето и во нивната способност да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните“, истакна Минчев.
Во своето обраќање, Минчев се осврна и на капиталните инвестиции и поддршката за локалниот развој. Повеќе од 1.200 локални проекти се поддржани и се завршени или се во фаза на реализација во општините низ државата, опфаќајќи инфраструктура што директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Тој ги посочи и значајните патни проекти, меѓу кои автопатот Скопје–Блаце и патните правци Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани, Букојчани–Кичево, Кичево–Охрид и Прилеп–Битола, како инвестиции важни за поврзувањето на регионите и економскиот развој.
„Резултатите мора да се гледаат таму каде што живеат граѓаните, во подобри локални патишта, подобра инфраструктура, пофункционални институции и нови можности за развој. Не е доволно да зборуваме за развој, туку мора да создадеме услови луѓето да го почувствуваат“, нагласи Минчев.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 08:02
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →