← Povratak na najnovije vijesti

Уапсен 35-годишник, крадел во тетовски џамии

Šta se dogodilo?

Како што информираше МВР, засега непознато лице во џамијата Фирдеус насилно го отворил прозорецот на подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што заминал. Во тетовската Голема џамија пак, утрото околу 5:30 часот, едно лице влегло во објектот и се обидело да го пронајде клучот. Потоа, со метален предмет се обидело […]

Три обиди за тешка кражба и една кражба во џамии во Тетово биле пријавени вчера во СВР Тетово. По преземените оперативни мерки, полицијата уапсила 35-годишен маж од селото Јеловјане, осомничен за кривичните дела тешка кражба и тешка кражба во обид.

Во тетовската Голема џамија пак, утрото околу 5:30 часот, едно лице влегло во објектот и се обидело да го пронајде клучот. Потоа, со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, но избегало.

Обид за кражба бил пријавен и во Ески џамијата каде одговорното лице пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и го оштетило металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците.

Во рамки на истрагата, на 17 октомври напладне полицијата го уапсила 35 годишниот Д.С. од Јеловјане, поради сомнение за сторените кривични дела.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 14:26
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →