Еразмус крос во Градскиот парк, фокус на спортот и европските вредности
Šta se dogodilo?
Настанот ќе се одржи на Тартан патеката со почеток во 10 часот и ќе ги обедини учениците од основното и средното образование во трка што, според организаторите, ги симболизира заедништвото, динамиката и отворањето нови хоризонти за младите. Како што информираат од Националната агенција, кросот нема натпреварувачки карактер, туку има цел да промовира физичка активност, здрави […]
Во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи спортско-забавниот настан „Еразмус крос“, со кој ќе биде заокружено одбележувањето на европската иницијатива „Еразмус денови“.
Како што информираат од Националната агенција, кросот нема натпреварувачки карактер, туку има цел да промовира физичка активност, здрави животни навики, инклузија и европски вредности меѓу младите.
Од Агенцијата посочуваат дека настанот го означува завршувањето на неделата посветена на програмата „Еразмус+“, која од 12 до 17 октомври беше одбележана со различни активности поврзани со образованието, обуката, младите и спортот.
Покрај трките во повеќе возрасни категории, за посетителите е предвидена и забавна програма, како и презентација на можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 11:14
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →