Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
Šta se dogodilo?
Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг. „ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните. Ова е важна порака од граѓаните до раководството на СДСМ“, […]
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.
„ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните. Ова е важна порака од граѓаните до раководството на СДСМ“, истакна Мицкоски на прес-конференција.
Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините, со јасни приоритети и уште поголема одговорност“, напомена Мицкоски.
Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 19.10.2026. 08:09
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →