← Povratak na najnovije vijesti

Министерот Клековски се сретна со повредените од пожарот во „Пулс“

Šta se dogodilo?

„Државата е тука – на долги патеки“, нагласува Клековски во објавата. Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. „Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги патеки. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска […]

Министерот за здравство, Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.

„Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги патеки. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, додаде министерот во објавата.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 20.10.2026. 12:13
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →