← Povratak na najnovije vijesti

Морнарицата на ИРГЦ повтори дека Ормускиот Теснец е затворен

Šta se dogodilo?

„Ормускиот Теснец е затворен и на странските бродови им е забрането да минуваат низ него“, се вели во соопштението на Корпусот на исламската револуционерна гарда. Се додава дека безбедноста на пловидбата на бродовите што ги прекршуваат иранските прописи во Ормускиот Теснец ќе биде загрозена, пренесува агенцијата ИРНА. Иранската револуционерна гарда претходно денеска соопшти дека голем […]

Морнарицата на Корпусот на револуционерната гарда на Иран (ИРГЦ) денеска повтори дека Ормускиот Теснец е затворен.

Иранската револуционерна гарда претходно денеска соопшти дека голем пожар зафатил супертанкер кој превезувал повеќе од 2 милиони барели сурова нафта, откако тој удрил во поморска мина во теснецот додека се обидувал да помине низ тој стратешки воден пат по „неовластена рута“.

„Последицата од прекршувањето на иранските прописи во Ормускиот Теснец е согорување во огнот на довербата на американската терористичка војска“, соопшти морнарицата.

„Ал Џезира“ пренесува дека од вчера биле погодени уште најмалку два танкера во близина на брегот на Саудиска Арабија.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 18.10.2026. 03:40
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →