← Povratak na najnovije vijesti

Политико: Европската Унија влегува во страшна политичка бура

Šta se dogodilo?

Европската Унија веќе се соочува со тешкотии околу усвојувањето на најголемиот буџет во својата историја, пополнувањето на огромната финансиска дупка за Украина и справувањето со геополитичките притисоци од САД и Кина. Сега ѝ се заканува и парализа поради внатрешните политички превирања во земјите што заедно сочинуваат околу 60 отсто од нејзиниот бруто-домашен производ и населението. […]

Минатонеделниот самит му покажа на Брисел колку тешко ќе биде да се постигне договор за буџетот – или за што било друго, пишува Политико.

„Сите досега знаеја дека мораме да постигнеме… политички договор до крајот на годината“, изјави кипарскиот претседател Никос Христодулидис за Политико, на маргините на минатонеделниот состанок на Европскиот совет, зборувајќи за тешките преговори околу буџетот на Унијата.

Но поради изборите во Шпанија, тоа повеќе нема да биде можно, рече тој. А следната година „на избори ќе одат Франција, Италија“ и други земји, додаде Христодулидис, предвидувајќи уште поголеми компликации за блокот.

ЕУ се соочува со невидена дилема: нејзините четири најголеми економии влегуваат во изборни процеси или политички превирања, што би можело сериозно да ја ограничи способноста на Унијата да постигне што било.

Шпанија следниот месец излегува на избори, а според анкетите, десниот центар и крајната десница се на пат да ја преземат власта. Франција во април ќе избира нов претседател, при што анкетите ѝ даваат предност на лидерката на крајната десница Марин Ле Пен. Алтернатива за Германија е во подем, доведувајќи ја во прашање канцеларската позиција на Фридрих Мерц. А и владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која невообичаено долго се одржува на власт според италијанските стандарди, се подготвува за избори во 2027 година.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 20.10.2026. 12:11
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →