Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј со Меморандум за унапредување на образованието
Šta se dogodilo?
Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно со интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од […]
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината, информира денеска општинската прес-служба.
Соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно со интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.
Од Општина Кисела Вода посочуваат дека сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.
„Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода даваат поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина“, велат од Општина Кисела Вода.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 25.08.2026. 11:49
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →