← Povratak na najnovije vijesti

Координирана акција на МВР во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

Šta se dogodilo?

Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице. При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Изречени се три глоби за прекршување на Законот […]

На 17/18 октомври, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности.

При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Изречени се три глоби за прекршување на Законот за заштита од пушење.

Едно лице е приведено поради одбивање да се легитимира, а три странски државјани поради нерегулиран престој во државата. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници.

На патот во близина на селото Мажучиште, Прилепско, е сопрено лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, при што се измерени 2,04 промили алкохол во крвта. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во рамки на активностите, ОВР Кичево извршил претрес на локација каде што незаконски се приредувале игри на среќа, при што биле затекнати две лица и одземени предмети поврзани со случајот. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 19.10.2026. 14:30
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →