Романски борбени авиони соборија два дрона
Šta se dogodilo?
Според овие информации, романските радари откриле група воздушни цели на околу 120 километри источно од Змискиот остров во Црното Море. Целите се движеле кон југозапад. Два борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Борчеа во 17:43 часот за да пресретнат летала. Првиот дрон бил соборен во 18:01 часот, а вториот четири минути подоцна, во 18:05 […]
Романски борбени авиони Ф-16 денеска соборија два дрона кои навлегоа во воздушниот простор на Романија, членка на НАТО. Двете летала биле соборени над романските територијални води во Црното Море, пренесува германскиот медиум Билд, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Романија.
Два борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Борчеа во 17:43 часот за да пресретнат летала. Првиот дрон бил соборен во 18:01 часот, а вториот четири минути подоцна, во 18:05 часот.
Романското Министерство за одбрана потврди дека двете цели биле дронови и дека биле уништени над романските територијални води. Нивното потекло сè уште не е објавено.
Новиот инцидент се случи по неколкудневни зголемени тензии во Црното Море, каде што беа забележани напади со дронови врз трговски бродови.
Во четвртокот, Ројтерс објави дека најмалку седум морнари исчезнале по напади со дронови врз два танкера во близина на романскиот брег. Романскиот претседател Никушор Дан ги потврди нападите, но не ја обвини директно Русија. Извор од НАТО изјави дека употребените летала биле од руско потекло.
- Država: Sjeverna Makedonija
- Rubrika: Crna hronika
- Izvor informacije: MKD Црна хроника
- Vrijeme objave: 18.10.2026. 11:10
Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.
Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →