← Povratak na najnovije vijesti

Ким ја крева цената на дијалогот со Трамп

Šta se dogodilo?

Трамп претходно оваа недела одеднаш го намали обемот на заедничките воени вежби меѓу Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја, оценувајќи ги како „непријателски“ настроени кон Северна Кореја. Во средата тој кажа дека очекува да се сретне со Ким подоцна оваа година. Трамп сака да ги обнови разговорите со Северна Кореја и да постигне надворешнополитички успех, […]

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека сака да се сретне подоцна оваа година со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Сепак, неговите обиди за приближување наидоа на ладен одговор од Пјонгјанг. Според Ројтерс, ова укажува дека Северна Кореја ќе постави тешки услови за одржување на таков состанок, иако двајцата лидери имаат „одличен“ однос.

Трамп сака да ги обнови разговорите со Северна Кореја и да постигне надворешнополитички успех, изјави за Ројтерс извор запознаен со разговорите меѓу американските и јужнокорејските претставници.

Засега нема изгледи за крај на речиси шестмесечната војна со Иран, а зближувањето на Трамп со Северна Кореја доаѓа и покрај тоа што Пјонгјанг испрати војници и опрема, вклучително и ракети, за да ја поддржи Русија во нејзината војна против Украина.

Јужна Кореја зад затворени врати реагираше позитивно на стратегијата на Трамп, иако официјалните лица во Сеул остануваат претпазливи во однос на намалувањето на заедничките воени вежби со САД, кажа изворот.

Трамп би можел да отпатува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен подоцна оваа година, што би отворило можност за средба во регионот доколку Северна Кореја покаже подготвеност за продолжување на разговорите, според изворот.

  • Država: Sjeverna Makedonija
  • Rubrika: Crna hronika
  • Izvor informacije: MKD Црна хроника
  • Vrijeme objave: 25.08.2026. 10:30
Izvor i dodatne informacije

Autorski sadržaj i potpuni detalji pripadaju izvornom izdavaču.

Pročitaj originalnu vijest na MKD Црна хроника →